16 ноември 2026
• од Стефан Николов
Бугарија преку ден увезува електрична енергија од Грција, а навечер извезува струја кон својот сосед. Промената во насоката на трговијата ја овозможуваат соларното производство и батериите за складирање енергија, објави OFFNews, повикувајќи се на анализа на Европската комисија.
Во август, увозот од Грција достигнал околу 750 мегавати во средината на денот. Околу 21 часот, Бугарија извезувала приближно 700 мегавати кон Грција. Евтината струја од сончевите електрани се складира во батерии, а потоа се продава во вечерните часови, кога побарувачката и цените обично се повисоки.
Според објавените податоци, уделот на сончевата енергија во производството на струја во Бугарија пораснал од четири отсто во 2021 година на 21 отсто во 2026 година. Инсталираниот капацитет на фотоволтаичните електрани се зголемил од 1,3 на 7,2 гигавати, а капацитетот на батериите надминал 16 гигаватчасови.
Анализата наведува и дека разликата меѓу вечерните и просечните дневни цени се намалила: од 150 отсто во август 2024 година на 40 отсто во август 2026 година. За развојот придонеле и модернизацијата на преносната мрежа и подобрите прекугранични врски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

