14 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американски претставници ја отвориле можноста Украина да се повлече од Донбас во замена за членство во НАТО. Тој нагласи дека станува збор за прашање што за првпат било покренато во разговорите, а не за конечен договор.
„Американците го поставија прашањето: ‘Што ако Украина влезе во НАТО? Дали Украина би се повлекла од Донбас?’“, рече Зеленски, според Еуроњуз.
Зеленски додаде дека Украина разговара за конкретни безбедносни гаранции од НАТО и Европската Унија. Доколку западните земји потврдат какви било услови, тој ќе побара мислење од украинските граѓани, бидејќи, како што рече, нема право сам да донесе таква одлука.
Разговорите се дел од дипломатските напори за завршување на војната. На средбите со американските претставници било договорено Европа да има улога во преговорите, вклучително и во разговорите за повоената безбедност на континентот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

