15 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Силите на Европската Унија се качиле на танкер осомничен дека припаѓа на руската „сенчеста флота“, соопшти шефицата на европската дипломатија Каја Калас. Бродот бил проверен во Средоземното Море, а според Калас пловел под лажно знаме.
Припадници на операцијата „Ирини“ се качиле на танкерот „Мидаг“ во петокот. Калас најави дека министрите за надворешни работи на ЕУ треба да одобрат нови санкции против Русија, насочени кон банките, купувачите и компаниите што ја поддржуваат мрежата.
Руската „сенчеста флота“ користи сложени сопственички структури и знамиња на други држави за да го прикрие потеклото на товарот и да ги заобиколи западните санкции за руската нафтена индустрија.
Операцијата „Ирини“ е мисија на ЕУ во Средоземното Море. Нејзиниот мандат неодамна беше продолжен до март 2029 година, а меѓу задачите е и ограничување на активностите на руската „сенчеста флота“. Извор: Euronews.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

