02 август 2026
• од Темелко Тошев
Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење, бидејќи последните анализи повторно покажале присуство на бактерии во дел од земените примероци. Надлежните институции продолжуваат со секојдневни контроли и испитувања.
Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство засега не покажуваат промена на состојбата.
„Во неколку од примероците сè уште се пронаоѓаат бактерии коишто водата ја прават непогодна за пиење“, изјави Ангелов.
Тој нагласи дека водата засега смее да се користи само за технички потреби, додека процесот на хиперхлорирање продолжува. Сепак, изрази очекување дека наскоро водата ќе биде прогласена за исправна.
Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна. Во текот на 1 август биле регистрирани 57 први прегледи на пациенти, што е за три помалку од претходниот ден, а нови хоспитализации не се евидентирани.
Според последните податоци, заклучно со 1 август во Гостивар се пријавени вкупно 1.041 случај на заразна болест, додека здравствените служби досега изработиле 734 епидемиолошки анкети.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

