02 август 2026
• од Гоце Кически
Левица тврди дека најновите податоци на Народната банка покажуваат зголемување на задолженоста и ја обвини Владата дека создава погрешна слика за економската состојба.
Според партијата, за три месеци задолжувањето се зголемило за дополнителни 20,5 милијарди денари, додека негативната нето финансиска позиција достигнала 615,5 милијарди денари, што претставува 54,4 проценти од бруто-домашниот производ.
Од Левица велат дека најголеми должници се компаниите од реалниот сектор, кои, според нив, сè повеќе зависат од банкарски кредити и странско задолжување за да го одржат работењето. Според партијата, тоа ги ограничува можностите за нови инвестиции, повисоки плати и отворање нови работни места.
Партијата додава дека и државата продолжува со ново задолжување, а домаќинствата го зголемуваат својот долг, при што најголемиот дел се банкарски кредити. Според Левица, тоа покажува дека сè повеќе граѓани го финансираат животниот стандард преку задолжување.
Во соопштението, Левица оценува дека е потребна промена на економскиот модел, со поголема поддршка за домашното производство, продуктивни инвестиции и намалување на зависноста од кредити.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

