02 август 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 2 Август – Илинден порача дека вредностите на празникот треба да се преточат во денешната борба за владеење на правото, достоинствен живот и европска иднина.
Во честитката за Илинден, Филипче истакна дека сеќавањето на историскиот датум има вистинска вредност само ако државата гради подобра иднина.
Тој порача дека, како што илинденците се бореле за слобода, денес борбата е насочена против корупцијата и изолацијата. Според него, Северна Македонија треба да продолжи по патот на владеење на правото, наместо на партиските интереси.
„Да го продолжиме патот на илинденците, да ја продолжиме борбата за достоинствен живот, за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес“, наведува Филипче во пораката.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

