02 август 2026
• од Стефан Николов
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а во некои места ќе надмине и 40 степени. Високите температури ќе се задржат и во ноќните часови, поради што се очекува продолжен топлотен бран.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

