02 август 2026
• од Гоце Кически
Демократската унија за интеграција упати честитка по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека празникот претставува темел на Северна Македонија како мултиетничка држава и заеднички дом за сите нејзини граѓани.
Во честитката, партијата наведува дека Илинден ги поставил основите на политичкиот идентитет на државата, во која различните заедници живеат и работат заедно, со еднакви права, достоинство и одговорност.
Од ДУИ истакнуваат дека духот на Илинден се заснова на слободата, соживотот, еднаквоста и меѓусебната почит, оценувајќи дека овие вредности треба да ја насочуваат Северна Македонија кон европска, безбедна и заедничка иднина за сите граѓани.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

