02 август 2026
• од Гоце Кически
Пет пожари и натаму се активни на повеќе локации низ земјата, додека пожарникарите и надлежните служби продолжуваат со интервенциите. Според најновите информации на Центарот за управување со кризи, до 13:00 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор.
Активни се пожарите кај Кванташкиот пазар и селото Страчинци во општина Гази Баба, кај селото Маркова Сушица во општина Студеничани, кај селото Јабланица во општина Струга и кај селото Уларци во општина Чешиново-Облешево. Во најголем дел се зафатени површини со ниска вегетација, а кај Кванташкиот пазар гори депонија.
Под контрола се ставени два пожара – меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Долно Татеши во општина Струга.
Во меѓувреме, шест пожари се успешно изгаснати, меѓу кои во Кисела Вода, Бутел, Ранковце, Брвеница, Врапчиште и Битола. Надлежните и понатаму апелираат на внимателност поради високите температури и зголемениот ризик од нови пожари.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

