02 август 2026
• од Тодор Вангелов
Дваесет и едногодишен жител на скопското село Идризово е уапсен под сомнение дека му нанел тешка телесна повреда на 15-годишно момче по претходно нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 август во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х. (21) од Идризово.
Апсењето следувало по пријава од 44-годишен жител, кој пријавил дека на 31 јули околу 23:50 часот во селото, осомничениот му нанел тешка телесна повреда на неговиот 15-годишен син, во врска со претходно нарушен јавен ред и мир.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против осомничениот за кривичното дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

