07 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Полицијата во Гостивар уапсила 69-годишен жител откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени автоматска пушка и поголемо количество муниција.
Претресот бил извршен на 6 октомври, врз основа на судска наредба, во домот и помошните простории на осомничениот.
Полицијата пронашла автоматска пушка со рамка со шест куршуми, уште една рамка со 17 куршуми и повеќе кутии со вкупно 110 куршуми од различен калибар.
Мажот бил задржан во полициска станица. Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

