07 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, утре ќе одржат билатерална средба во Софија, каде што ќе учествуваат на меѓународна конференција посветена на Коридорот 8.
Официјалната потврда за средбата пристигнала во текот на вчерашниот ден, а форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат договорени преку дипломатски канали.
Средбата следува по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Северна Македонија минатата недела. Таа тогаш посочи дека следниот клучен чекор за продолжување на европските преговори е договорената измена на Уставот, со која Бугарите и други заедници треба да бидат внесени во него.
Фон дер Лајен истовремено предложи престојот на Муцунски во Софија да се искористи за директна средба со бугарската страна и за разговор за останатите билатерални прашања меѓу двете земји.
Со тоа се прави разграничување меѓу европската преговарачка рамка и билатералните односи. Уставните измени остануваат дел од условите за следната фаза од пристапниот процес, додека другите прашања треба да се решаваат преку директен дијалог, добрососедски односи и спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

