06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, ја обвини власта на ДПМНЕ дека со својата политика го одолговлекува европскиот пат на Северна Македонија. Во интервју во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, таа оцени дека повторното отворање на преговарачката рамка со Европската Унија носи ризик од нови блокади.
Каранфилова Пановска се повика на изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени во процесот на европска интеграција.
„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека нашиот идентитет е бетониран и дека со ништо не е загрозен во европската интеграција“, рече Каранфилова Пановска.
Таа праша што Владата и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски планираат да постигнат во разговорите со Софија, предупредувајќи дека евентуално повторно преговарање за веќе договорената рамка би барало согласност од сите 27 земји членки на ЕУ.
Според неа, таквиот пристап може дополнително да го забави пристапниот процес.
„Мислам дека ни е јасно што треба да направиме за да не го губиме времето и моментот. Претседателката на Европската комисија децидно ни кажа дека со преговарачката рамка се покажува дека местото на Македонија е во Европската Унија“, изјави таа.
Каранфилова Пановска упати и пошироки критики кон Владата, оценувајќи дека земјата се соочува со политичка изолација и сериозни економски проблеми. Таа го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ќе носи политичка одговорност за застојот на европскиот пат, иселувањето на младите, состојбата во Буџетот и зголеменото задолжување.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

