07 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Европската Унија договори најголемо досега проширување на списокот со санкции против Русија. Новите мерки опфаќаат 1.646 лица и субјекти обвинети дека ја поддржуваат руската воена агресија врз Украина.
Според EURONEWS, на списокот се 743 лица, 826 субјекти и 77 пратеници кои учествувале на избори организирани во окупираните украински територии. Санкциите предвидуваат забрана за патување, замрзнување на имотот и забрана за обезбедување финансиски средства.
Одлуката треба официјално да биде одобрена во понеделник на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Со проширувањето, европскиот список со санкции ќе опфаќа речиси 4.650 лица и субјекти, а мерките ја нагласуваат поддршката на Унијата за Украина и за меѓународното право.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

