07 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Гумите на службено возило на Центарот за социјални работи во Тетово биле пресечени пред вработените да излезат на терен за проверки поврзани со исплатата на социјални права.
Како што објави „Слободен печат“, службениците вчера утрото требало да посетуваат корисници и да вршат проверки по налог на раководството на Центарот. Пред да тргнат, било забележано дека гумите на едно од возилата се оштетени.
Според информациите на порталот, бил направен обид да се проверат снимките од безбедносните камери, но во тој момент немало електрична енергија, па не било утврдено кој го оштетил возилото.
Од СВР Тетово потврдиле дека бил пријавен случај со оштетено службено возило. Пријавата била примена во 8 часот и 15 минути.
Инцидентот се случил во период кога Центарот спроведувал проверки на корисници на социјални права. Засега нема информации кој стои зад оштетувањето на возилото ниту дали случајот е поврзан со најавените проверки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

