06 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Кривична пријава е поднесена против вработена во МВР и уште пет лица поради сомнение за фалсификување возачки дозволи и незаконско додавање возачки категории.
Според МВР, вработената во Одделението за управни работи во Скопје, од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година, ја користела својата службена шифра за да додава категории во електронскиот систем на лица кои не ги исполнувале законските услови.
Таа потоа ги одобрувала барањата и овозможувала издавање возачки дозволи со незаконски додадени категории. Еден од пријавените, според истрагата, посредувал при фалсификувањето дозволи за две лица.
Четворица од пријавените поднеле барања за возачки дозволи иако знаеле дека не ги исполнуваат условите за одредени категории. На нивните дозволи потоа им биле додадени категории без исполнување на законските услови.
Едно од лицата ја употребило дозволата со незаконски додадена категорија „А“ и со мотоцикл ја преминало државната граница.
Против вработената во МВР ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Таа веќе е суспендирана од работното место по претходно поднесена кривична пријава.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

