07 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека дел од партискиот Мастер план предвидува продолжување на европскиот пат, засилена борба против корупцијата и проверки на случаи што предизвикуваат сомнежи во јавноста.
Во гостување во емисијата „Директно“ на Телма, Филипче рече дека СДСМ предлага посебен закон со кој би се овозможила поширока соработка со Европското обвинителство. Според него, европски обвинители би можеле да бидат вклучени во проверка на случаи од голем јавен интерес.
Како примери ги посочи случајот со модуларната болница во Тетово и случајот со мазутот, но побара да се проверуваат и актуелни случаи за кои СДСМ изнесува сомнежи за корупција. Филипче побара да се испитаат и прашањата поврзани со користењето на унгарскиот кредит, при што изнесе обвинувања кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
Тој предложи и посебен закон за ветинг на сегашни и поранешни функционери. Филипче рече дека проверката треба да ги опфати и него и поранешни функционери на СДСМ, меѓу кои Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, како и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Филипче, европската интеграција и реформите во правосудството треба да бидат меѓу главните приоритети во политичката програма на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

