07 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Украинските сили погодиле четири цели што ѝ помагаат на Русија да ја финансира и води војната, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Меѓу погодените цели се два нафтени објекти и воен полигон во Пермската, Самарската и Астраханската област. Зеленски наведе дека украинските сили дејствувале и во Црното Море, објави UKRINFORM.
Нападите следуваат по нов руски воздушен удар врз Украина со околу 70 ракети и дронови од типот „Шахед“. Главна цел била енергетската инфраструктура, а погодени биле Киев и уште 12 украински области.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

