05 октомври 2026
• од Гоце Кически
Алијанса за Албанците реагираше на изборот на 13 најдобри просветни работници за учебната 2025/2026 година, тврдејќи дека меѓу наградените нема ниту еден Албанец.
Од партијата велат дека на листата има наставници од Тетово и Гостивар, но дека, според нивните наводи, не бил избран ниту еден наставник Албанец.
„Од 13-те наставници прогласени за најдобри за учебната 2025/2026 година, ниту еден не е Албанец. Дури и на листата има наставници од Тетово и Гостивар, градови со илјадници албански ученици, наставници и професори, но за Министерството не се најде ниту еден наставник Албанец кој заслужува да биде меѓу најдобрите“, соопшти Алијанса за Албанците.
Партијата оценува дека случајот отвора прашања за начинот на кој се врши изборот и побара поголема транспарентност од Министерството за образование и наука.
„Алијанса за Албанците бара од Министерството за образование и наука јавно да ги објави критериумите за избор, бодовите на кандидатите и составот на комисијата која одлучувала за овие признанија“, се наведува во реакцијата.
Од партијата порачаа дека Албанците „не бараат подароци ниту привилегии“, туку, како што наведуваат, „држава која ги гледа, ги вреднува и ги третира еднакво“.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

