07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Виш јавен обвинител од Битола е уапсен под сомнение дека во повеќе наврати влијаел врз други обвинители за сторители на кривични дела да добијат поблаги казни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата поднела кривична пријава против шеесет и едногодишниот П. В. од Прилеп за „примање награда за противзаконско влијание“.
Според МВР, осомничениот, во својство на виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Битола, во повеќе наврати влијаел врз одлуките на други јавни обвинители со цел изрекување поблаги казни.
По неговото апсење биле извршени претреси во неговиот дом во Прилеп и во службените простории што ги користел. Полицијата одзела шест мобилни телефони, едно УСБ и еден персонален компјутер.
Случајот е предаден на обвинителството надлежно за гонење организиран криминал и корупција, а истрагата продолжува со прибирање дополнителни докази.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

