07 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека употребата на остар политички речник кон премиерот Христијан Мицкоски ја гледа како начин да ја предупреди јавноста за, како што рече, последиците од политиките на власта.
Во интервју за „Директно“ на телевизија Телма, Филипче се осврна и на употребата на зборот „идиот“ за Мицкоски, наведувајќи дека премиерот нема право да ги навредува и потценува граѓаните.
„Морав јасно и гласно да му кажам дека не може да ги навредува граѓаните. Тој нема право да го прави тоа“, рече Филипче.
Тој оцени дека неговиот политички јазик има цел да ја алармира јавноста и ги поврза критиките кон власта со економската состојба, проблемите во земјоделството и застојот на европскиот пат.
Филипче повторно побара минималната плата да се зголеми на 600 евра, тврдејќи дека сегашните примања не се доволни за покривање на основните животни трошоци. Според него, ниту три минимални плати не се доволни за трошоците пресметани во потрошувачката кошничка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

