07 октомври 2026
• од Стефан Николов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави посебен закон за ветинг на сите поранешни и актуелни функционери, како дел од Мастер планот на партијата. Планот предвидува и проверка на потеклото на имотот, продолжување на европскиот пат и засилена борба против корупцијата.
Во интервју за емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Филипче рече дека проверките треба да важат без исклучок за функционери од сите партии. Тој посочи дека и самиот би бил меѓу првите што ќе бидат опфатени со ветингот.
Според него, проверките треба да се спроведуваат со учество на странски експерти и да го опфатат потеклото на имотот. Филипче најави и проверки на големи компании кои во изминатите години остварувале високи приходи преку работење со државата, како и можност за дополнително оданочување на екстра профитите.
Филипче рече дека Мастер планот на СДСМ се темели на продолжување на европската интеграција, враќање на довербата во правосудството и поефикасна борба против корупцијата.
„Европа мора да продолжи. Правдата мора да се врати за да им се врати довербата на разочараните граѓани“, рече Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

