05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Со изведување материјални докази, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 лица, а 223 беа повредени.
Пред судот денеска беше изведен писмениот извештај од Институтот за судска медицина за извршената обдукција на жртвите. Ова е истиот извештај кој претходно беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во КПД „Идризово“.
Според наодите во извештајот:
Обвинителството, застапувано од обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, презентираше и обемна медицинска документација за преживеаните – вклучувајќи вештачења за 157 лица со тешки телесни повреди, како и докази за останатите оштетени со телесни повреди.
Одбраната на обвинетите полицајци упати сериозни критики до начинот на кој се води постапката, реагирајќи дека денеска изведените докази не се соодветно наведени во листата на докази.
Адвокатите дополнително истакнаа дека меѓу повредените во пожарот има и полициски службеник кој на критичниот настан бил на должност.
„Не знаеме на која околност се изведуваат овие докази“, реагираше еден од адвокатите на одбраната.
На почетокот на минатото рочиште, сите 13 обвинети полициски службеници се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и изјавија дека сториле сѐ што било во нивна моќ во критичните моменти.
Сепак, Обвинителството тврди дека полицајците кои биле присутни во „Пулс“ во рамките на акциска контрола, не презеле мерки за спречување на употребата на пиротехнички средства, иако тие биле јасно видливи на сцената. Според обвинителката Андонова, нивното непостапување во периодот од 14 до 16 март 2025 година резултирало со сериозни последици по животот на граѓаните.
Од друга страна, одбраната тврди дека полициските службеници на критичниот ден биле во објектот само неколку минути, работејќи исклучиво на обврските од планот за акциска контрола. Тие потенцираат дека полицајците не знаеле и не можеле да знаат дека воопшто ќе се користат пиротехнички средства кои подоцна го предизвикаа кобниот пожар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

