04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Професорот Нано Ружин смета дека какви било гаранции што Брисел би му ги дал на Скопје не можат апсолутно да ја загарантираат идната интеграција на земјата. Во интервју за телевизија „Алсат“, Ружин порача дека државата треба да се насочи кон спроведување на уставните измени и изрази уверување дека Софија нема да испорача дополнителни барања поврзани со македонскиот идентитет и јазик.
„Ќе мора да се размислува за внесување на бугарското малцинство, како и на другите, во преамбулата на нашиот Устав“, дециден е професорот Ружин.
На прашањето околу барањето на Владата за гаранции и какви гаранции би можела Европската Унија да ѝ даде на Македонија за да се реализираат уставните измени, тој објасни дека во политиката таквите ветувања се секогаш условени од реалните околности на терен.
„Тие гаранции би се дале само условно. Затоа што, да речеме, тие ни велат дека ако го решите ова прашање, патот ви е отворен и ќе станете дел од ЕУ. Но, ако се случи, зборувам хипотетички, напад врз државата или војна, ниту една земја не може да стане членка во такви услови. Тоа значи дека никој не може однапред да ви гарантира стопроцентно дека ќе станете членка“, објаснува Ружин.
Според него, стравот дека соседна Бугарија ќе продолжи со нови ултиматуми по евентуалната промена на Уставот е неоправдан, повикувајќи се на политичката клима и култура внатре во самата Унија.
„Сметам дека соодносот на силите во Советот на ЕУ е таков што би било невидено, по внесувањето на Бугарите во Уставот, Бугарија да бара некакви нови, дополнителни услови. Тоа би било преседан, бидејќи во ЕУ сепак постои одредена политичка култура“, нагласи професорот Нано Ружин во своето гостување.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

