04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот европратеник од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Андреј Ковачев, упати остра порака до македонските власти, повикувајќи ги да престанат да ја префрлаат одговорноста за застојот во евроинтеграциите врз Бугарија.
Неговата реакција доаѓа веднаш по вчерашниот состанок на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) во Европскиот парламент, каде што беше усвоен извештајот за напредокот на Северна Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц.
Според Ковачев, македонската влада мора да се соочи со реалноста и да почне да ја спроведува преговарачката рамка која, како што вели, е усвоена од самата држава и претставува основа за нејзиниот европски пат.
„Убеден сум дека во Скопје многу добро разбираат што треба да направат – да почнат да ја спроведуваат преговарачката рамка. Време е да престанат да го користат „лошиот источен сосед“ како удобен изговор и да ја префрлат сопствената одговорност врз Бугарија. Вистината е јасна – нема вето од Бугарија“, изјави Ковачев.
Тој нагласи дека условите за напредок се јасно дефинирани и прифатени од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и од Северна Македонија.
„Додека овие обврски не се исполнат, не може да има напредок кон членство. Не поради Бугарија, туку поради одбивањето на владата во Скопје да ги спроведе обврските што ги презеде“, додаде бугарскиот европратеник, посочувајќи дека сè друго е само обид за одвлекување на вниманието од вистинскиот проблем.
Извештајот за Северна Македонија беше изгласан на Комитетот за надворешни работи со 43 гласа „за“ и 17 „против“. Главните заклучоци од документот испраќаат сериозни предупредувања до Скопје:
Како дел од извештајот беа усвоени и 11 компромисни амандмани чија содржина сè уште не е целосно објавена во јавноста. Сепак, познато е дека се прифатени и два амандмани поднесени од бугарските европратеници. Со нив експлицитно се бараат видливи резултати од работата на заедничката историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како и доследна имплементација на потпишаните билатерални протоколи.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

