05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Официјална Софија останува на својата цврста и јасна позиција во врска со евроинтегративниот пат на Северна Македонија. Бугарскиот премиер Румен Радев уште еднаш порача дека Бугарија е подготвена да помогне, но дека нема да има никакви отстапки кога станува збор за клучните реформи и преземените обврски од преговарачката рамка.
Во своето најново обраќање, премиерот Радев нагласи дека секоја земја-кандидат мора целосно да ги исполни Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.
„Ние имаме многу чиста позиција. Ни треба, и на секоја земја ѝ е потребно, да ги исполни Копенхашките критериуми за членство. Не можеме да направиме компромис со длабоките реформи“, изјави Радев.
Како главни приоритети и столбови кон кои се стреми Унијата, тој ги посочи:
И покрај строгите барања, шефот на бугарската влада во својата изјава употреби и помирлив тон, нарекувајќи ги граѓаните на соседната држава „браќа“ и нудејќи поддршка на европскиот пат.
„Бугарија е подготвена да ѝ помогне на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија“, рече тој, но веднаш потоа го посочи главниот услов кој стои на патот на македонските интеграции.
Тој потсети на европскиот консензус постигнат во јули 2024 година, потенцирајќи дека Софија очекува конкретни чекори од македонска страна.
„Чекавме конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Сите имаме консензус од јули 2024 година и чекавме конечно да го изменат Уставот и да ги впишат Бугарите во нивниот устав“, заклучи премиерот Радев.
Оваа изјава е уште една потврда дека бугарската влада нема намера да го тргне фокусот од уставните измени, кои остануваат главна пречка за отворање на преговарачките кластери на Северна Македонија со Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

