04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот командант на ОНА (УЧК) и член на „Кумановската група“, Сами Укшини, во јавноста познат како Командант Соколи, упати тешки обвинувања на сметка на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, обвинувајќи го за неуспех во целосното и искрено спроведување на Охридскиот рамковен договор.
Преку реакција испратена од затворот во Северна Македонија – каде што ја издржува казната по вооружената пресметка во мај 2015 година во кумановско „Диво Насеље“ – Укшини истакна дека Ахмети ја криел вистината од Албанците и дека прекршувањата на мировниот договор започнале уште со неговите први политички чекори во 2002 година.
Во својата објава на социјалните мрежи, Укшини директно му се обраќа на лидерот на интегративците, набројувајќи низа неисполнети ветувања и политички компромиси:
„Е мој Али Ахмети, со лаги не се стигнува никаде. Подобро ќе беше да им ја кажеш на Албанците твојата вистина, дека ти Охридскиот договор го прекрши уште на самиот твој политички почеток во 2002 година. Како за почеток пасошот, преамбулата во Уставот, државните симболи, статусот на борците на ОНА, јазикот од 20% во рамките на Републиката, јазикот од 20% во локална употреба, пропорционалниот буџет по глава на жител, пропорционалното вработување во сите државни институции, пописот на населението за да се избегне неформалноста, една изборна единица, и така натаму...!“
Оваа реакција доаѓа во период на засилена политичка дебата околу легитимитетот и постигнувањата на политичките субјекти кои произлегоа од конфликтот во 2001 година, при што Укшини очигледно смета дека политичкото дејствување на Ахмети низ годините било во спротивност со идеалите и заложбите на поранешните борци.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

