05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Град Скопје излегоа со целосно спротивставени тврдења во јавноста во врска со исправноста на автобусот кој превезуваше ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ на враќање од екскурзија во Грција. Додека полицијата тврди дека возилото имало неисправни кочници, од Градот уверуваат дека проблемот бил само во светлата за магла.
Случајот се актуелизираше откако автобусот четири пати се расипувал на патот кон дома, по што загрижените средношколци телефонски ги известиле своите родители за проблемите со превозот. Родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција, по што возилото било запрено од страна на полициски службеници од СВР Велес во близина на патарината Отовица. Автобусот веднаш бил одземен и упатен на вонреден технички преглед, а учениците со друг автобус биле вратени во Скопје со задоцнување од неколку часа.
Од МВР потврдуваат дека при извршениот вонреден технички преглед во станица била утврдена сериозна неисправност кај возилото. Според информациите од СВР Велес, утврдена е техничка неисправност на одредени делови во системот за кочење, за што е изготвен службен материјал кој ќе биде проследен до надлежните институции за понатамошно постапување.
Од друга страна, Град Скопје излезе со демант на ваквите тврдења. Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека изборот на туристичката агенција не го прави Градот, туку тоа е процедура на Советот на родители на училиштето преку јавен повик. Во однос на самиот автобус, од Град Скопје тврдат дека на вонредниот преглед во првиот работен ден по викендот било утврдено дека возилото е целосно технички исправно. Според нивните информации, на автобусот му била напишана само една глоба за нефункционално светло за магла, по што тој веднаш бил вратен на агенцијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

