05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Актуелниот пратеник и поранешен премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во своето последно тв гостување на Канал 5, испрати силни пораки во однос на македонскиот идентитет, историјата и евроинтегративниот процес на земјата.
Тој децидно истакна дека македонските црвени линии се заштитени и дека никој нема моќ да влијае врз она што е темел на нацијата.
Ковачевски се осврна на работата на Историската комисија и разговорите со соседна Бугарија, потенцирајќи дека отстапки од историските факти и идентитетот нема да има.
„Јас не сметам дека ние треба да се откажеме од било што од нашата историја во рамки на Историската или било која друга комисија. Ние треба да се задржиме на ставот што го имаме за нашата историја. Никој не може да го менува македонското гледање на историја. Никој не може да го пипне нашиот идентитет затоа што тоа е наш идентитет. Никој не може да забрани ние да бидеме Македонци“, изјави Ковачевски.
Тој додаде и дека стравувањата од нови блокади во однос на историските прашања се неосновани:
Според него, клучната битка за македонскиот јазик е веќе добиена на меѓународна сцена. Ковачевски потсети дека токму јазикот бил првичната сопка во разговорите, што сега е надминато.
Во однос на малцинските права во Македонија, тој потенцираше дека земјава е пример за целиот свет: „Ако постои држава во свет во која на подобар начин се решени малцинските прашања, јас симнувам капа“.
Зборувајќи за преговарачката рамка, попозната како „Француски предлог“, Ковачевски оцени дека станува збор за документ кој нуди реален компромис и кој нема да го изгуби своето значење во иднина.
„Тоа е балансиран, добар предлог. Ќе биде актуелен. Сметам дека е добро решение“, заклучи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

