16 август 2026
• од Гоце Кически
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остри критики и реакција до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оценувајќи ги нејзините изјави како директен напад врз Охридскиот рамковен договор и уставниот поредок на земјата.
Од партијата посочуваат дека министерката Јаневска го третира Бадентеровото мнозинство како обична „алатка“ и бара негово заобиколување во случаи кога таа и Владата сметаат дека тоа не е потребно.
Од ДУИ нагласуваат дека Уставот не ѝ дава право ниту на министерката, ниту на Владата селективно да одлучуваат кога ќе се применува принципот на двојно мнозинство.
„Амандманот X од Уставот предвидува двојно мнозинство (Бадентер) за сите закони што го засегаат образованието. Примената на овој механизам не зависи од субјективната и лична проценка на Јаневска дали одреден закон ги засега Албанците или не“, се истакнува во партиското соопштение.
Опозициската партија изразува сериозен револт и за терминологијата што ја искористила министерката, која, во контекст на парламентарните процедури и блокади, ги нарекла Албанците „мала заедница“.
„Уште попонижувачки е што министерката зборува за Албанците како за ’мала заедница‘. Албанците се државотворен народ и клучен столб на уставниот поредок што произлегува од Охридскиот договор. Бадентеровото мнозинство е уставна гаранција создадена токму со цел да се спречи бројчана мајоризација и прегласување за прашања што ги засегаат јазикот, образованието и националниот идентитет“, реагираат од ДУИ.
Од ДУИ одговорноста за ваквата реторика ја адресираат и кон албанскиот партнер во власта, коалицијата „Вреди“ (VLEN). Според партијата, молкот и политичката немоќ на нивните претставници во извршната власт овозможуваат вакви јавни настапи без никаква политичка одговорност.
„Ваквото однесување е резултат на недостатокот на легитимитет и политичката неспособност на претставниците на Вреди. Нивното присуство во власта не ги штити интересите на граѓаните, а нивниот молк им дава простор на министрите јавно да ги омаловажуваат Албанците“, наведуваат од партијата.
На крајот од соопштението, Демократската унија за интеграција бара:
„Бадентер не е политичка отстапка или избор на Владата — тој е строга уставна обврска“, заклучуваат од ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

