28 јули 2026
• од Гоце Кически
Новиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан не само што ги полни кината ширум светот, туку предизвика и голем интерес за делото на Хомер и за учење на грчкиот јазик.
„Одисеја“ досега заработи повеќе од 650 милиони долари на светскиот бокс-офис за само две недели и е најуспешниот игран филм годинава. Освен успехот во кината, филмот поттикна многумина повторно да се свртат кон античката литература.
Во Велика Британија продажбата на книгата „Одисеја“ е зголемена за околу 70 проценти во споредба со минатата година. Во САД продажбата пораснала за 76 проценти од почетокот на годината, а во Франција слушањето на аудио-верзијата на делото на „Спотифај“ скокнало за повеќе од 750 проценти.
Истовремено, значително пораснал и интересот за учење грчки јазик. Според податоците на „Гугл трендс“, пребарувањата за „учи грчки“ се зголемиле за околу 5.000 проценти во последните две недели.
Сепак, филмот предизвика и критики. Дел од познавачите на античката книжевност сметаат дека Нолан премногу се оддалечил од оригиналното дело на Хомер. Британско-американската класичарка Емили Вилсон оцени дека филмот нема доволно психолошка и емоционална длабочина, иако призна дека повторно ја
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

