28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Црногорската полиција во Никшиќ го уапси 19-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, по кого беше распишана меѓународна потерница од Интерпол поради сомнение за обид за убиство. Младото момче од Македонија се товари дека се обидело да ликвидира познат член на црногорското подземје, а од полицијата се криел користејќи лажен идентитет.
Крвав напад на базенот во хотелот „Маестрал“ Според официјалното соопштение од црногорската полиција, Танасковски е главоосомничен за пукотницата што се случи на 7 август 2025 година во престижниот хотелски комплекс „Маестрал“ во Будва. Негова мета бил Марко Љубиша, познат под прекарот Кан, кој во црногорските медиуми се води како безбедносно интересно лице и се поврзува со познатиот „шкаљарски клан“.
Истрагата покажала дека младиот Македонец го следел Љубиша, по што му пришол од зад грб додека тој бил на базенот во хотелот и испукал два куршума. При нападот, Љубиша се здобил со повреди во пределот на главата, а напаѓачот успеал да побегне од местото на настанот.
Се криел во Никшиќ со лажна српска лична карта Спектакуларната акција за лоцирање и приведување на Танасковски ја спровеле службеници од Регионалниот центар за безбедност „Запад“, со поддршка на Секторот за борба против криминалот. Осомничениот бил пронајден во изнајмен објект во приградска населба во Никшиќ.
За да го избегне апсењето и да ги подготвува своите криминални активности, 19-годишникот користел фалсификувана лична карта на име на државјанин на Србија. Заедно со него, во рамки на истата истрага, лишен е од слобода и 34-годишен жител на Никшиќ, кој е осомничен дека му помагал на Македонецот да се крие.
Покрај тешкото кривично дело „обид за убиство“, против Танасковски ќе се води постапка и за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи, како и за фалсификување исправа.
Од црногорската полиција порачуваат дека продолжуваат со засилени и интензивни акции за лоцирање на сите лица кои се бараат по меѓународни потерници, како и за целосно сузбивање на организираниот криминал во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

