28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светите маченици Кирик и Јулита, празник кој сведочи за една од најпотресните приказни за ранохристијанското мачеништво. Дел од нивните чудотворни мошти денес се чуваат во Македонија. Живот посветен на Христа
Според црковното предание, света Јулита потекнувала од благороден род. Откако рано останала вдовица со своето новороденче Кирик, таа својот живот во ликаонскиот град Иконија целосно го посветила на христијанската вера. Својот син го крстила веднаш по раѓањето, а до неговата трета година веќе го научила на основите на верата и на молитвата, онолку колку што едно дете на таа возраст можело да разбере. Прогон и бегство во Селевкија
За време на владеењето на царот Диоклецијан, започнале страшните прогони на христијаните. Откако во Иконија била пролеана многу невина крв, Јулита, во обид да го спаси својот син, се засолнила во градот Селевкија. За жал, гневот на незнабошците стигнал и таму. Јулита била фатена и изведена пред суд поради нејзината христијанска вера.
Откако храбро ја исповедала својата вера во Господ Исус Христос, судијата се обидел да ја скрши нејзината волја преку нејзиното дете. Тој го зел тригодишниот Кирик во раце и почнал да го милува за да ја нажали и поколеба мајката. „Пушти ме, јас сум христијанин!“
Она што следело го оставило судот во неверување. Малиот Кирик почнал на сиот глас да вика: „Пушти ме кај мајка ми, јас сум христијанин!“
Детето почнало да го гребе судијата со рачињата, одвраќајќи го своето лице од него. Разгневен од ваквата реакција, судијата го треснал детето од земја и го турнал, по што малиот Кирик се стркалал по камените скали, предавајќи ја својата света душа на Бога.
Гледајќи го страдањето на своето чедо, света Јулита не пуштила солза од очај, туку радосно Му се заблагодарила на Бога што нејзиниот син бил удостоен со маченички венец. По бројни мачења, таа била погубена со меч во 304 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

