04 јули 2026
• од Темелко Тошев
Православните верници денеска го празнуваат споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски, кој иако многу млад, покажа непоколеблива вера и храброст пред суровите прогонства на христијаните во времето на царот Диоклецијан.
Според житието, Свети Јулијан потекнувал од благородно, сенаторско семејство и живеел во Тарс Киликиски. Неговото страдање започнало кога имал само осумнаесет години, но и покрај младоста, тој веќе бил длабоко воспитан и утврден во христијанското благочестие.
Царскиот намесник, во обид да го скрши неговиот дух, го водел со себе цела година од град во град. Го подложувал на постојани мачења, надевајќи се дека ќе го наговори да се одрече од Христа.
Низ целата оваа голгота, оддалеку го следела неговата мајка. Кога намесникот ја фатил, се обидел да ја искористи за да го премисли момчето, наредувајќи ѝ да го посоветува својот син да се откаже од христијанството. Но, нејзината вера била подеднакво силна. Наместо да го разубедува, таа поминала три дена со него во затворот, храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да ја прифати маченичката смрт.
Откако сфатиле дека нема да го поколебаат, мачителите смислиле страшна казна. Го зашиле Јулијан во вреќа наполнета со песок, змии и скорпии, и го фрлиле во морето. Заедно со него, маченички умрела и неговата мајка.
Моштите на светиот маченик брановите ги исфрлиле на брегот. Верниците ги пронашле и чесно ги погребале во Александрија во 290 година, а подоцна биле пренесени во Антиохија.
На гробот на Свети Јулијан почнале да се случуваат многубројни чуда, за кои сведочи и големиот христијански мислител Свети Јован Златоуст. Во своето пофално слово за светиот маченик, тој запишал:
„Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци.“
Зборувајќи за чудотворната моќ на неговите мошти, особено при лекувањето, Свети Јован Златоуст додава:
„Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жар.“
Денешниот празник е потсетник за силата на духот, неизмерната вера и храброста да се остане доследен на своите вредности дури и пред лицето на најголемите страдања.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

