28 јули 2026
• од Темелко Тошев
До денес во земјата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден е класифициран како можен, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Според извештајот, пет нови случаи биле потврдени во текот на месец јули, при што кај двајца пациенти симптомите започнале во јуни, а кај еден во мај. Последниот случај е регистриран во четвртокот минатата недела.
Од вкупниот број регистрирани случаи, шест се локални и се регистрирани во Скопје и Велес, додека еден пациент од Скопје има историја на патување во Грција, но периодот на инкубација вклучува и престој во земјата.
Помеѓу заболените има седум мажи и една жена. Шест од лицата се на возраст над 60 години, додека две се на возраст помеѓу 50 и 59 години. Сите пациенти развиле невроинвазивна форма на инфекција со зафаќање на централниот нервен систем, поради што биле хоспитализирани. Тројца од нив веќе се пуштени на домашно лекување.
Западнонилската треска за првпат е регистрирана во Македонија во 2011 година. Во периодот од 2011 до крајот на 2025 година, беа регистрирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи, а пет лица починаа од последици поврзани со оваа болест.
За болеста: Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку каснување од заразен комарец, најчесто од родовите Culex и Aedes. Вирусот природно циркулира меѓу комарците и дивите птици, додека луѓето и коњите се случајни домаќини. Болеста не се пренесува од човек на човек, освен во исклучителни случаи, како што се трансфузија на крв или трансплантација на органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

