26 јули 2026
• од Тодор Вангелов
Сообраќајната полиција од првата половина на август ќе почне да користи брзи тестови од плунка за откривање дрога кај возачите. Резултатите ќе бидат готови за три до 10 минути, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР набави 10.000 брзи тестови кои ќе овозможат на самото место да се утврди дали возач управува под дејство на наркотични супстанции. Еден тест чини 218 денари, а испораката се очекува во првата половина на август.
Тестирањето ќе се врши со едноставен брис од плунка и ќе биде наменето за откривање на седум видови дроги, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати, екстази (МДМА) и бензодиазепини.
Од МВР велат дека тестовите имаат точност од 99 проценти и дека резултатите се добиваат за најмногу 10 минути, без потреба од дополнителна опрема или медицинско знаење. Полициските службеници ќе поминат обука за нивна употреба.
Според Министерството, тестирањето ќе се врши на местото каде што е запрено возилото, а одлуката дали возачот ќе биде тестиран ќе ја носи полицискиот службеник врз основа на неговата проценка. Доколку е потребно, и понатаму ќе се применуваат анализи на крв и урина за понатамошна проверка.
Тестовите се сертифицирани според европските стандарди, имаат CE-ознака и се регистрирани во МАЛМЕД.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

