27 јули 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица информира дека до нив пристигнала пријава и фотографии од жители на селото Долни Балван, Општина Карбинци, кои сведочат за можен еколошки криминал. Според пријавата, постојат сомнежи дека од сточарска фарма со години се испушта течен животински отпад директно во канал кој се влева во реката Брегалница.
Како што соопштуваат од партијата, револтираните жители веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина. Тие бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата за анализа и поведување соодветна постапка доколку бидат утврдени неправилности.
Од Левица посочуваат дека од доставените фотографии јасно се гледа оти шталата се наоѓа во непосредна близина на каналот, а на дел од материјалите се забележува и лице кое го турка животинскиот отпад кон водотекот. Според тврдењата на жителите наведени во пријавата, не станува збор за изолиран инцидент, туку за пракса која континуирано трае подолг временски период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

