26 јули 2026
• од Тодор Вангелов
Македонската државјанка Сашка Стојановска (46) е уапсена во Црна Гора и ѝ е одредено задржување до 72 часа поради сомнение дека со автомобил прегазила и усмртила домашно куче во Улцињ.
Основното државно обвинителство во Улцињ соопшти дека за Стојановска е поднесен и предлог до Основниот суд за определување притвор.
Таа е осомничена за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според обвинителството, Стојановска во близина на Булевар „Теута“ со автомобил прегазила и усмртила домашно куче.
Црногорската полиција претходно соопшти дека таа била уапсена додека се обидувала да ја напушти Црна Гора.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

