06 октомври 2026
• од Стефан Николов
Бугарската претседателка Илијана Јотова за утре свика седница на Советот за национална безбедност по нападите врз два трговски брода во бугарската економска зона во Црното Море.
Како што јави БТА, седницата ќе се одржи во претседателската институција, а главна тема ќе бидат актуелните ризици за поморската безбедност и критичната инфраструктура на Бугарија во контекст на војната во Украина.
Одлуката доаѓа откако рано утрово два трговски брода биле нападнати со морски и воздушни дронови на околу седумдесет милји источно од бугарскиот град Бјала.
Двата брода биле оштетени, а бугарските власти започнаа спасувачка операција во Црното Море. Последните инциденти дополнително ја зголемија загриженоста за безбедноста на цивилната пловидба и критичната инфраструктура во регионот.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

