05 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Европската комисија исплати дополнителни 157 милиони евра за Молдавија, откако оцени дека земјата успешно спровела 18 реформи поврзани со нејзиниот европски пат.
Како што соопшти Европската комисија, станува збор за третата исплата во рамките на Планот за раст за Молдавија. Реформите опфаќаат економија, енергетика, пазар на труд, зелена транзиција и добро управување.
Со најновата исплата, вкупната финансиска поддршка ставена на располагање на Молдавија преку Планот за раст достигна 661 милион евра.
Од Европската комисија наведуваат дека поддршката треба да придонесе за економски раст, отворање нови работни места и подобар пристап на молдавските компании до единствениот европски пазар, со што земјата дополнително се приближува кон членство во ЕУ.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека исплатата е признание за посветеноста на Молдавија на реформите и нејзината решеност да напредува на европскиот пат.
ЕУ во 2024 година предложи План за раст за Молдавија во вредност од 1,9 милијарди евра за периодот од 2025 до 2027 година, што е најголемиот пакет европска финансиска поддршка за земјата.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

