03 август 2026
• од Тодор Вангелов
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова рунда преговори меѓу САД и Иран треба да започне денес, откако викендов ја откажа најавената голема воена операција против Иран, тврдејќи дека има напредок кон договор.
Трамп, говорејќи пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, рече дека преговорите ќе започнат попладне и дека верува оти е можен договор. Според него, Иран и американските партнери во Блискиот Исток побарале да се откаже воената операција бидејќи биле создадени услови за дипломатско решение.
Сепак, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема планови за прием на американска делегација ниту за испраќање ирански претставници во Вашингтон. Иранските власти ги отфрлија и тврдењата дека побарале одложување на американската операција, оценувајќи ги како неточни.
Трамп изјави дека операцијата, доколку била изведена, ќе била „најголемата од Втората светска војна“, но нагласи дека претпочита дипломатско решение пред воена ескалација. Тој додаде дека Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати го охрабриле Вашингтон да му даде шанса на договорот.
По неговата најава, цените на нафтата на азиските пазари забележаа пад од околу 4,5 проценти. Пазарите позитивно реагираа на можноста да се избегне нова ескалација околу Ормускиот Теснец – клучна рута низ која минува околу една петтина од светскиот извоз на сурова нафта и течен природен гас.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

