01 август 2026
• од Тодор Вангелов
Поранешниот бугарски министер за надворешни работи и дипломат Николај Младенов соопшти дека е постигнат договор за разоружување и цивилна транзиција во Газа по повеќемесечни тешки преговори.
Во објава на социјалните мрежи, Младенов истакна дека преговорите биле исклучително сложени и дека во одредени моменти изгледало дека договор нема да биде постигнат. Според него, сега најважно е договореното целосно да се спроведе, а разоружувањето да се одвива паралелно со повлекувањето на силите и под строга проверка.
Младенов нагласи дека палестинските власти и народот треба да добијат политичка и практична поддршка за да ја преземат одговорноста за идното управување со Газа.
Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, како и на САД, Египет, Катар, Турција и Обединетите Арапски Емирати за нивната улога во постигнувањето на договорот. Благодарност упати и до Советот за безбедност на Обединетите нации за поддршката на процесот и спроведувањето на Резолуцијата 2803.
Според Младенов, следната цел е обнова на Газа, управување од страна на Палестинците и траен мир со Израел, како и создавање политички услови за конечно решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

