03 август 2026
• од Тодор Вангелов
Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и е под постојан надзор на здравствените институции, иако во текот на вчерашниот ден е регистриран пораст на бројот на први прегледи.
Во текот на 2 август биле евидентирани 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 57.
Од Министерството посочуваат дека, и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на највисокото ниво забележано на 18 јули, кога биле регистрирани 649 први прегледи.
Надлежните институции наведуваат дека внимателно ја следат состојбата и дека засега нема промени во оценката дека епидемиолошката ситуација е стабилна.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

