03 август 2026
• од Гоце Кически
СДСМ преку соопштение упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека се обидуваат да создадат историски континуитет со АСНОМ, иако, според партијата, за тоа нема основа.
Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ „нема организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ“ и нагласуваат дека нивната партија се смета за политички наследник на антифашистичката борба и државотворните традиции.
Во реакцијата се наведува дека Мицкоски го искористил говорот по повод Илинден за политички напади, наместо за обединување на граѓаните. Според СДСМ, премиерот не успева да биде лидер на сите граѓани и, како што велат, ја води државата во изолација и застој на европските интеграции.
Партијата упати и сериозни обвинувања на адреса на Мицкоски и владејачката партија, оценувајќи дека зад нивниот патриотски наратив стојат политички интереси. Во соопштението се наведува дека очекуваат, како што велат, „време на вистината и правдата“, кога, според нив, ќе има институционална одговорност за носителите на власта.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

