30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Познатото македонско музичко дуо „2Bona“ овој петок, 31 јули, ќе има свој настап во познатиот клуб „Bedroom Beach“ на Сончев брег во соседна Бугарија.
Марио Јелиќ и Антонио Стојановски, кои го основаа овој проект во 2015 година, денес со право важат за едни од највлијателните и најпопуларните имиња на балканската трап-сцена, пренесува бугарскиот медиум „24 часа“.
Иако нивната музика вообичаено ја загрева атмосферата во ноќните клубови по полноќ, овој пат концептот во „Bedroom Beach“ ќе биде нешто поразличен и уникатен. Хитовите на „2Bona“ ќе ечат под отворено небо, во релаксираниот дневен амбиент на плажата.
Забавата е најавена како дневна журка, а почетокот на нивниот настап е планиран за околу 16 часот. Ова е одлична можност за сите нивни фанови кои летуваат во Бугарија да уживаат во нивните најголеми хитови на плажа.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

