04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, упати остри критики кон денешната политика на партијата, обвинувајќи за „лажен македонски патриотизам“ и целосно извртување на историските идеали на македонската револуционерна борба.
Во своето најново обраќање, Георгиевски направи директна паралела помеѓу причините за основањето на историското ВМРО и денешната идеолошка насока на партијата, нарекувајќи ја актуелната состојба „несфатливо салтомортале“.
Георгиевски потсети на самите почетоци и мотивите на револуционерите, посочувајќи дека организацијата изворно била бедем токму против странските влијанија кои денес, според него, се промовираат.
„Партијата која е создадена, според основачите од историското ВМРО, многу јасно пишува: кога сфативме дека и српската пропаганда доаѓа во Македонија, решивме да го направиме ВМРО. Значи, историските основачи ја направиле како реакција на српската пропаганда во Македонија“, истакна Георгиевски.
Тој изрази неверување за трансформацијата што се случува денес во политичкиот блок кој се повикува на тоа историско наследство.
„И вие денеска да имате едно такво салтомортале, кајшто вие добивате партија која е синоним за српскиот свет во Македонија... Не можам да го сфатам тоа“, додаде тој.
Осврнувајќи се на актуелната политичка реторика во земјава, поранешниот премиер не го криеше револтот кон оние кои денес се претставуваат како ексклузивни бранители на националните интереси.
На крајот, Георгиевски порача дека неговото место во поновата македонска историја е непобитно и дека дневно-политичките напади немаат тежина врз фактите.
„Прв сум кој кажал самостојна и независна Македонија во оваа држава и знам дека никој, со никаква етикета, не може да ми го земе тоа“, заклучи Георгиевски.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

