03 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Неверојатни злоупотреби, „фантомски“ работници и незаконски исплати се дел од фрапантните откритија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според информациите кои денеска ги обелодени новата директорка на Институтот, д-р Марија Андоновска, меѓу 20 и 30 лица во период од шест до седум години воопшто не се појавиле на своето работно место, а редовно примале државна плата.
Како што појасни д-р Андоновска, овие вработени биле уредно регистрирани во електронскиот систем за евиденција на работното време. За оваа „услуга“, тие секој месец им плаќале по 200 евра на одредени нивни колеги кои физички доаѓале на работа и ги евидентирале како присутни.
Покрај овој скандал, откриени се и апсурдни договори за дело. Имено, редовно вработени лица во Институтот, покрај својата основна плата, добивале дополнителни финансиски средства преку склучување на договори за извршување на банални задачи, како што е полевање на дворот на установата.
Директорката Андоновска лично иницирала проверка на ангажманот на вработените, одејќи од канцеларија до канцеларија. Разговорите со дел од вработените ги откриле вистинските размери на неработењето:
„Одев по канцеларии и ги прашував: Извинете, вие што работите, како јас можам да ви помогнам, да ве мотивирам, еве во иднина што би можеле подобро да сработиме? Баш ме интересира која е вашата дневна обврска. Еве денеска што завршивте од работите? После моите инсистирања, ми викаат: ‘Знаете како, па јас не доаѓам баш на работа’. Најголем дел таквите си заминаа сами, бидејќи тие практично си имале и други работни обврски и самите си заминаа“, изјави д-р Андоновска.
Неправилностите не застануваат само кај фиктивните работници. Д-р Андоновска обелодени и сериозни прекршувања на законот од страна на поранешниот директор на ИЈЗ, Шабан Мемети.
Главните обвинувања кон поранешниот директор вклучуваат:
За сите овие неправилности, финансиски злоупотреби и оштетување на буџетот, директорката Андоновска потврди дека веќе ги известила надлежните државни институции. Топката сега е префрлена кај истражните органи, а очекувањата се дека Јавното обвинителство веднаш ќе реагира и ќе отвори соодветна постапка за расчистување на овој скандал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

