03 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Генералниот секретар на НАТО, Марк Рјуте, упати сериозно предупредување до младите Руси дека веројатно ќе загинат доколку се пријават да учествуваат во руската војна во Украина, пренесува „Ројтерс“.
На заедничката прес-конференција во Киев, Рјуте директно им се обрати на младите Руси и на нивните семејства:
„Ви продаваат нечесни зделки. Мажите како вас кои се приклучуваат во борбата - нема да бидат обучени. Опремата што ќе ви ја дадат е неквалитетна. Има многу големи шанси да умрете или да бидете ранети додека сте таму.“
Според податоците на првиот човек на НАТО, Русија трпи огромни загуби на бојното поле. Тој посочи дека секој месец гинат над 30.000 руски војници.
„Тоа значи губење на повеќе луѓе за еден месец отколку што Советскиот Сојуз изгуби за 10 години за време на 80-тите години на минатиот век во Авганистан“, изјави Рјуте.
За време на истата прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните сојузници да ги засилат напорите за противвоздушна одбрана, особено против балистички ракети. Тој нагласи дека овој тип на оружје станал „последниот руски аргумент“ во војната.
Зеленски потенцираше дека Русија сè почесто користи балистички ракети кои се значително потешки за пресретнување во споредба со другите видови проектили. Воедно, тој потврди дека по покана на Рјуте ќе учествува на претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи во јули во Анкара.
Украинскиот претседател освртна внимание и на дипломатските напори на САД, истакнувајќи дека Киев сè уште очекува посета на американска преговарачка делегација. Тој потсети дека специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стивен Виткоф и Џаред Кушнер – веќе престојувале во Москва, но сè уште не допатувале во украинската престолнина.
Изјавите на лидерите доаѓаат во ден кога украинските сили изведоа масовни напади со дронови во регионот на Санкт Петербург и Ленинградската област.
Според украинските власти, во нападите биле успешно погодени:
Од друга страна, официјална Москва, која конфликтот и понатаму го нарекува „специјална воена операција“ ветувајќи им високи плати на новите регрути, долго време тврди дека проширувањето на НАТО кон исток по завршувањето на Студената војна – како и перспективата за членство на Украина – претставуваат егзистенцијална закана за безбедноста на Русија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

