09 јули 2026
• од Темелко Тошев
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди суровата реалност и конечно ги разби лагите и ефтината пропаганда на Христијан Мицкоски за некаква „трета економија во Европа“. Додека премиерот се китеше со измислени епитети, податоците на светската финансиска институција покажуваат поразителна слика: македонската економија ќе расте побавно од сите во регионот во следните пет години.
Според проекциите на ММФ, просечниот економски раст на Македонија ќе изнесува мизерни 3 проценти. За споредба, пред нас се Албанија со 3,19%, Србија со 3,5%, како и Молдавија, Украина и Косово со 3,95%.
Мицкоски на власт дојде на крилјата на лажните ветувања за „економски тигар“, „инвестициски бум“ и подобар животен стандард. Две години подоцна, граѓаните на своја кожа, преку празните фрижидери и тенките паричници, ја чувствуваат цената на неговата неспособност.
Економските показатели по две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ се катастрофални:
Додека за развој и поддршка на граѓаните нема пари, оваа Влада се покажа како „шампион“ единствено во задолжувањето. За само две години, Мицкоски направи нов долг од 2,5 милијарди евра, со што јавниот долг достигна алармантни 11 милијарди евра.
Признанието за тоталниот економски колапс дојде преку ребалансот на буџетот. Власта го испразни буџетот уште на средина од годината, а сега крати од капиталните инвестиции, поддршката за компаниите и помошта за најранливите, додека луксузот на власта останува недопрен.
Со коригираната инфлација од 4,5% и неконтролираниот раст на јавниот долг, кој до крајот на годината ќе надмине 61,5% од БДП, Македонија е турната на самото дно.
Ова е цената на власт без развојна стратегија, која наместо да им служи на граѓаните, се грижи единствено за криминалните тендери на партиските кадри. Македонија заслужува подобро, а не економија која заостанува дури и зад најмалите економии во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

