09 јули 2026
• од Темелко Тошев
Со просечен животен век од неполни 77 години, македонскиот работник е исправен пред сурова реалност – дали наместо да ужива во заслужената старост, ќе мора да работи речиси до крајот на својот живот?
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати сериозно предупредување и побара итни реформи во пензискиот систем кои ќе им овозможат на работниците достоинствено повлекување од пазарот на трудот, пренесува Скопје1.мк.
Повикувајќи се на најновите податоци од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“, Трендафилов посочи дека очекуваниот животен век во земјава изнесува 76,63 години.
Оваа статистика, според него, наметнува едно логично, но болно прашање за работничката класа: Дали крајната цел на системот е граѓаните да работат речиси до самиот крај на својот живот?
За да се спречи ваквото сценарио, првиот синдикалец смета дека државата мора итно да понуди флексибилни и праведни модели за пензионирање, кои нема да бидат врзани исклучиво за старосната граница.
ССМ инсистира на законски измени кои ќе ги рефлектираат реалните потреби на работниците. Трендафилов истакна дека се неопходни реформи кои ќе овозможат старосна пензија по возраст или по работен стаж, како и предвремена и неполна старосна пензија.
Клучните барања на Синдикатот вклучуваат:
Освен реформите во условите за пензионирање, Трендафилов лоцираше уште еден горлив проблем кој директно го загрозува пензискиот систем – непријавената работа (сивата економија).
Тој побара поинтензивен ангажман од надлежните институции за целосна наплата на социјалните придонеси, посочувајќи фрапантни бројки за загубите на државната каса.
„Поради непријавената работа државата годишно губи околу 250 милиони евра, кои остануваат во џебовите на газдите. Само на овој начин, со сузбивање на оваа појава, социјалните фондови можат да станат реално одржливи и да обезбедат сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост и невработеност“, порача Трендафилов, објави Скопје1.мк.
Пораката од ССМ е јасна: за да има стабилен пензиски фонд кој ќе ги сервисира овие барања, државата мора да стави крај на толерирањето на газдите кои не плаќаат придонеси, а товарот за тоа да не паѓа на грбот на работниците кои цел живот чесно го одработиле своето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

